Дома Македонски спорт Мак ракомет Во Битола мислат на иднината: Еден од најталентираните ракометари потпиша нов договор

Во Битола мислат на иднината: Еден од најталентираните ракометари потпиша нов договор

Талентираниот ракометар Самоил Ристевски потпиша нов договор со екипата на Еурофарм Пелистер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Информацијата за новиот договор ја потврди битолскиот клуб преку социјалните мрежи.

„По само неколку натпревари во тимот на Еурофарм Пелистер, кадетскиот и младински репрезентативец Самоил Ристевски потврди дека местото му е во нашиот проект и во иднина. Затоа клубот го препозна неговиот талент, напредок и проекција и потпиша договор до 2028 година.

18-годишниот Ристовски е продукт на школата на клубот и на позицијата кружен напаѓач веќе дебитираше во националните репрезентации на Македонија и неговиот квалитет е препознат насекаде.

Потписот на Ристовски е само продолжување на проектот најдобрите македонски ракометари да играат во македонскиот шампион“, стои во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров избра: Ова е тимот со кој одиме против Словачка! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Прешов го почнува баражот п…