Веќе неколку дена е во тек руската операција во Украина во која веќе животот го загубија многу луѓе.
Најголемиот дел од западните земји го осудија потегот на Русија. Утрово е објавено дека Русите влегле и во Харков, а во исто време се водат битки и во Киев. Токму таму животот го загуби младиот 21-годишен фудбалер кој настапуваше за Карпати Лавов, Виталија Сапило.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сапило беше принуден да ги остави своите фудбалски соништа и да и помогне на својата земја во одбрана на нападите.
„Загина бранејќи го нашиот главен град кој Русите сакаат да го окупираат“, соопштија од Карпати.
Животот младиот фудбалер го загубил во петокот во битка во близина на Киев.