Дома Фудбал Во Барселона се надеваат Пике да ги исполни ветувањата

Во Барселона се надеваат Пике да ги исполни ветувањата

Каталонските медиуми известуваат дека дошло до тежок вербален дуел меѓу тренерот на Барселона, Чави Ернандес и неговиот поранешен соиграч Жерард Пике.

35-годишниот Пике не е повеќе во плановите на Чави и му порачал дека за него нема место во тимот, а неговата плата е голем товар за клубот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Ако треба да си заминам за да се влее нова крв во тимот, веднаш ќе заминам“. „Ако треба ќе ставам крај на кариерата, но нема да бидам резерва“. „Ако од Барса ми кажат утре дека повеќе за мене неме местп, веднаш ќе се пензионирам“. Ова се изјави на Пике во изминатите две години.

Каталонски „Спорт“ тврди дека Барса сега чека Пике да си ги исполни ветувањата и да си замине од клубот.

Тој наскоро ќе наполни 36 години, но има договор до 2024 година и ја има една од највисоките плати во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ВИДЕО Мартинез доби втор жолт во пенал серијата, но не беше исклучен. Еве зошто

Астон Вила се пласираше во полуфиналето на Конференциската лига победувајќи го Лил на пена…