Нејмар одлучи летово да ја напушти Барселона и да потпише за ПСЖ за неверојатни 222 милиони евра, а приказната за неговото заминување од „Камп Ноу“ се уште не е завршена.
Бразилецот ги изненади многумина кога одлучи да ја напушти Барселона и да премине во ПСЖ, а дополнителен удар на Каталонците им зададе пред неколку дена кога одлучи да ги тужи бидејќи не му исплатија 26 милиони евра за „лојалност“. Претседателот на Барселона, истакна дека Нејмар можел да замине без проблеми ако сакал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Летово имавме турнеја во Америка зборувавме секојдневно со него и неговиот татко, но едноставно не беа транспаренти. Да дојдеше и кажеше дека сака да замине како што направија, Педро, Фабрегас, Алексис и Маскерано, тоа не би требало да биде проблем, и би постигнале договор“,истакна претседателот на клубот.
„Она што го направи он е на најлош начин. Си играше со нас мачка и глушец. Ништо не ни кажа. Да, точно дека трансферот изнесуваше многу помалку пари и тогаш не би требало да трошиме на неговата замена. Неговото однесување штети и за пазарот и тоа сите го знаат“.