Иако првично требаше да бидат подготвени за претходното „Ел Класико“, Педри и Осман Дембеле ќе мора уште малку да одмараат.
Денеска беше потврдено дека Педри заработи уште една повреда во моментот кога требаше да добие зелено светло. Тогаш се шпекулираше дека тој сигурно ќе биде подготвен за дуелот со Реал во реваншот од полуфиналето на „Копа дел Реј“ на 5. април, но сега пристигнаа нови лоши вести за Каталонците.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според најновата ситуации, Педри ќе мора да паузира можеби и дополнителен месец, до втората половина на април, додека извесно е дека ниту Дембеле нема да биде подготвен за почетокот на април и дуелот со Реал.
Шпанскиот новинар, Тони Хуанмарти пишува дека клубот е загрижен поради оваа конфузија и дека останува нејасно како лекарскиот тим два пати направил погрешна проценка за двајцата играчи.
Наводно, Дембеле треба да се врати пред Педри, но дефинитивно и двајцата го пропуштаат „Ел Класико“ на 5 април, кое на Барселона може да и донесе уште едно финале и да се бори за третиот трофеј сезонава.