Дома Фудбал Во Барса одбија 50% помала плата, па Бартомеу сега присилно им скратува 70%?

Во Барса одбија 50% помала плата, па Бартомеу сега присилно им скратува 70%?

Првотимиците на Барселона го одбија предлогот на раководството за намалување на платите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поради пандемијата со коронавирусот многу клубови се приморани да ги намалат платите на вработените и играчите, а од Барселона на фудбалерите им предложиле додека не се игра фудбал да добиваат 50% од нивните примања.

Меѓутоа играчите на каталонскиот гигант го одбија таквиот предлог, а ако се точни информациите на шпанските медиуми направиле грешка.

Наводно, во Шпанија постои закон кој на клубовите им дава право во време на пандемија да ги намалат платите за 70% и се очекува тоа Бартомеу да го направи.

Првенството во Шпанија како и во цела Европа (освен Белорусија) се стопирани и не се знае кога ќе продолжат. Ќе видиме како ќе се развива и ситуацијата во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем не се шегува, Бразилецот кажа “ДА”, вкупната сметка скоро 350.000.000!

Фудбалскиот клуб Тотенхем ова лето реши да се врати на патиштата на старата слава, а Робер…