Роберт Левандовски е засега единствена опција во нападот на „Баварците“, па германскиот великан ќе се обиде да го ангажира новиот напаѓач, а изгледа дека изборот падна на фудбалерот на Хофенхајм, Сандро Вагнер.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Не мислат да го продадат за мали пари, но не очекувавме дека ќе бараат толкав износ. Не мислиме да се расфрламе, но ќе разговараме со тренерот и ако Вагнер му треба, ќе се обидеме да го купиме“, истакна Карл-Хајнц Румениге.
Румениге исто така истакна дека 29-годишниот Вагнер не е единствениот кој би можел да пристигне во јануари, но неговата сорпуга веќе живее во Минхен и чека трето дете, па тоа е добар знак дека Германецот би можел да потпише за „Баварците“.