Дома Фудбал Италија Во Атлетико не можеше поради Годин, но во Интер Врсаљко си го доби омилениот број

Во Атлетико не можеше поради Годин, но во Интер Врсаљко си го доби омилениот број

vrsaljko

Хрватскиот репрезентативец, Шиме Врсаљко вчера ја официјализираше соработката со „нероаѕурите“ и во таа прилика го одбра и бројот во новиот клуб.

После две сезони поминати во Атлетико Мадрид, Шиме Врсаљко се враќа во Серија А.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Јорганџиите“ го позајмија на Интер кој ќе плати 6.5 милиони евра, со тоа што Италијанците имаат и право на откуп наредното лето за сума од 17.5 милиони евра.

Интер денес на својата официјална страна откри и дека Врсаљко во клубот од „Џузепе Меаца“ ќе го носи дресот со број „два“, а навивачите се надеваат дека со неговото доаѓање конечно ќе биде решена позицијата на десен бек која е проблематична уште од заминувањето на Занети и Маикон.

Врсаљко во Атлетико не можеше да ја носи „двојката“ со која го носи дресот на репрезентацијата, бидејќи таа е во сопственост на Диего Годин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На натпреварот помеѓу Интер и Торино во Серија А се испиша историја

На денешниот натпревар помеѓу Интер и Торино кој започна со почеток во 12:30 часот беше ис…