Дома Топ вести „Војна“ меѓу Наполи и Милан за ѕвездата на Атлетико Мадрид

„Војна“ меѓу Наполи и Милан за ѕвездата на Атлетико Мадрид

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Наполи ќе водат битка во зимскиот преоден рок за потписот на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Јаник Фереира Караско.

Наполи моментално е лидер на табелата во Серија А, но неопходни му се засилувања и подолга клупа со квалитетни играчи за да се бори до крај за Скудетото.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На „Сан Сиро“ оваа сезона не оди се по планот, новиот тренер ќе игра со двајца крилни напаѓачи, па Караско би бил идеално засилување.

Караско веќе подолго време не е задоволен од својот статус во Атлетико бидејќи Симеоне се повеќе го изостава од стартните 11, па е спремен да ја промени средината уште во јануари.

Медиумите тврдат дека негова следна дестинација најверојатно е Серија А, а Наполи и Милан ќе водат битка за неговиот потпис, кој во овој момент чини околу 30-35 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Премиерлигашите ја сакаат ѕвездата на Билбао

Неколку клубови од Премиер лигата се силно заинтересирани за бисерот на Атлетик Билбао, Ни…