Дома Трансфер зона Војна во Челзи: Конте сака еден, раководството друг напаѓач!

Војна во Челзи: Конте сака еден, раководството друг напаѓач!

Челзи сигурно ќе донесе еден врвен напаѓач на „Стенфорд Бриџ“ ова лето, но се поставува прашањето кој ќе биде тој.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пишуваат англиските медиуми овие денови во Челзи постои своеврсна војна меѓу Антонио Конте и раководството, односно техничкиот директор Михаел Еменало.

Имено, италијанскиот стратег сака по секоја цена да го донесе Алваро Мората од Реал Мадрид, додека Еменало како идеално засилување во нападот го гледа Ромелу Лукаку.

„Сините“ се спремни да потрошат околу 70 милиони фунти за нов напаѓач, а главен аргумент на раководството за доведување на Лукаку е фактот што Белгиецот е прв стрелец во Премиер лигата и одлично ја познава англиската лига.

Од друга страна пак Конте смета дека Мората е покомплетен напаѓач и дека може да игра и како централен напаѓач и како партнер на Диего Коста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…