Дома Фудбал Останато „Војната“ продолжува: Матијас откри шокантни детали за Погба

„Војната“ продолжува: Матијас откри шокантни детали за Погба

Братот на Пол Погба, Матијас, на својот Твитер профил објави низа пораки преку кои го обвинува фудбалерот на Јувентус и француската репрезентација.

Иако моментално е во притвор поради наводно уценување на својот брат, Матијас Погба однапред ги подготвил своите пораки.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Доколку го гледате ова видео тоа значи дека мојот брат Пол нашол начин да ме замолчи со уцена или физички, или пак ме наместил за работи кои јас ги немам направено. Можеби нашол и начин да ја измими полицијата како во минатото што правеше со мојот братучед, само за да ме замолкне. Во ова видео ќе откријам се“.

„Пол ангажираше вештерката која му ја препорача Серж Орие. Тој шест години ги користи нејзините услуги. Пол плати четири милиони евра, а таа учествуваше во неговиот трансфер во Манчестер јунајтед и во походот на титулата на Мундијалот во 2018 година. Пол беше особено задоволен од нејзината работа откако Франција го освои Светското првенство. Тој побарал од вештерката да фрли магија врз Килијан Мбапе пред натпреварот помеѓу ПСЖ и Манчестер јунајтед. Задачата на вештерката беше да предвиди каква иднината го чека Пол, да ги подобри неговите квалитети, да ги саботира неговите ривали, да им фрла магии на противниците со цел да го уништи нивниот потенцијал. Пол Погба и плаќаше помеѓу 75 и 100 илјади евра еднаш или двапати месечно, исплатата секогаш беше во кеш“, открива Матијас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…