Дома Македонски спорт Воша: Тешко е против Франција да се ветува било каков резултат, ќе дадеме се од себе

Воша: Тешко е против Франција да се ветува било каков резултат, ќе дадеме се од себе

Македонската репрезентација до 21 година ги започна подготовките за квалификациските натпревари против Франција во Ле Ман на 2. септември и против Србија на 7. септември во Охрид на стадионот „Билјанини Извори“.

Првиот предизвик за новиот селектор на младинската репрезентација, Драган Канатларовски ќе биде силната Франција.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


“Започнавме со подготовките, се надевам дека се ќе биде во ред до натпреварот со Франција. На двата тренинзи ги реализираме идеите на новиот селектор, имаме одлична комуникација и се обидуваме да ги оствариме неговите замисли“. 

„Располагаме со квалитетен тим, се надевам дека ќе ги оствариме поставените цели пред почетокот на овој квалификациски циклус. Фокусирани сме максимално на првиот натпревар и дуелот со селекцијата на Франција. Не очекува тежок меч, но ова е фудбал и сѐ можно. Се надевам дека ќе се прикажеме во добро светло и се надеваме на позитивен почеток во квалификациите и тешкото гостување во Ле Ман. Франција е топ фаворит во групата и тешко е да се ветува било каков резултат. Имаме право да ветиме дека ќе дадеме максимум од нашите можности и тоа ќе го направиме“, изјави Арби Воша, фудбалерот на Македонија Ѓорче Петров.

Фото: ФБ/Арби Воша

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Каменуван автобусот на „Чкембари“ – има и повредени! 🎥

По денешниот натпревар помеѓу Пелистер и МЗТ Скопје дошло до инцидент во кој бил каменуван…