Тимот на Голден Стејт полека како да се „буди“, против Феникс Вориорсите ја запишаа четвртата победа во низата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Беше јасно дека без Стеф Кари и Клеј Томпсон кои имаат тешки повреди сезоната нема да биде како претходните. Тимот кој во последните пет сезони три пати беше шампион во НБА во овој момент е последен на западот.
Против Феникс натпреварот го решија во последната четвртина која ја добија со 39:18. Дианџело Расел ги предводеше домаќините со 31 поен, додека Демион Ли уфрли 16 поени, најефикасен кај Феникс беше Девин Букер.
Милвоки и без првата ѕвезда, Јанис Антетокумпо ја победи Атланта со 112:86. Бакси беа предводени од Крис Мидлтон кој постигна 23 поени и Брук Лопез со 19.
НБА резултати:
Шарлот – Оклахома 102-104 (после продолженија)
Орландо – Филаделфија 98-97
Мајами – Индијана113-112
Бостон – Кливленд 129-117
Голден Стејт – Феникс 105:96
Милвоки – Атланта 112:86