Дома Останати Волкановски не го признава поразот: Сигурен сум дека победив

Волкановски не го признава поразот: Сигурен сум дека победив

Александар Волкановски имаше одлична битка против Ислам Махачев, но рускиот борец го освои шампионскиот појас.

Махачев беше голем фаворит и пред борбата, но Волкановски во рингот беше рамноправен противник.

34-годишниот Волкановски преку социјалните мрежи објави дека откако повторно го одгледал мечот, смета дека тој е победникот.

„Само што го гледав мечот, и сигурен сум дека победив во втората, третата и петтата рунда. Изненаден сум што не бев прогласен за победник. Ајде на римеч, било каде, било кога“, напиша Волкановски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Јовевска и Пармачки на европски испит во пинг-понг во Невшехир

Бојана Јовевска и Јован Пармачки ја претставуваат Македонија на Европското првенство до 13…