Tрагична смрт на млад 15-годишен фудбалер го потресе Парагвај. Инцидентот се случи во текот на натпреварот помеѓу Насионал и Букерон кој се играше за викендот.
Во овој натпревар настана тепачка во која младиот Исмаил Димингез претрпел смртоносни повреди по кои изгубил свест.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според изјавите на сведоци и неговиот тренер Леонард Вита, Исмаил добил удар од зад грб, а додека лежел на земја дополнително бил нападнат.
"EL NIÑO CAYÓ EN MIS BRAZOS" | |💔🥺😭
— Radio 1000 AM (@1000_am) September 16, 2024
🗣Leonardo Vip, DT del Club Nacional de San Bernardino, confirmó que el video difundido es de la gresca, pero subrayó que no hay imágenes del momento en que patean a Ismael Domínguez.#1000Noticias #1000am📻🎙 https://t.co/GShBd3Fbca pic.twitter.com/v6XzAsL1HS
За жал и покрај напорите на медицинските тимови момчето починало во болница од здобиените повреди. Овој шокантен случај предизвика тага и бес и веројатно ќе биде причина да се отвори истрага за безбедноста во спортот и насилството на натпреварите на младите тимови.