Екипата на Победа Прилеп е новиот лидер во Втората лига – Исток.
На домашен терен прилечани славеа со 3:1 и така го искористија киксот на Слога Виница против Осогово во Кочани.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
До победата Победа дојде со головите на Даниел Крчески, Игор Момировски и Давид Јошевски, додека стрелецот на единствениот гол за гостите беше Славе Танов.
Осогово изненади и одигра одличен натпревар против Слога Виница. Во Кочани Слога забележа пораз од 3:0, два гола постигна Иван Мицевски, а еден гол беше дело на Тоше Манов.
Во останатите натпревари Беласица со 1:0 славеше против Братство, Детонит го доби Кит Го, додека Локомотива и Каменица Саса одиграа без голови.
Со триумфот Победа како што споменавме е новито лидер со 26 бода, Слога Виница е втора со 25, Каменица Саса трета со 21…
Фото: ФК Победа