По само едно коло повторно има промена на врвот на табелата во Втората лига на Истокот.
Каменица Саса убедливо ја победи Победа со 3:0 во дербито на Истокот. Божинов го отвори резултатот пред крајот на полувремето, а во второто преку Нешковски и Алексовски Саса дојде до триумфот од 3:0.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поразот на Победа го искористи Слога Виница која со 3:0 ја победи Локомотива и се врати на врвот по едно коло. Головите ги постигнаа Митров, Крклински и Иванов си постигна автогол.
Во останатите натпревари Беласица минимално славеше против Кит-Го (1:0), Кожуф и Детонит ремизираа 1:1, додека Осогово со 2:4 славеше на гости кај последнопласираниот Братство.
На табелата Слога Виница се врати на врвот со 28 бода, Победа е втора со 26, Каменица Саса трета со 24.
Фото: ФК Слога Виница