Дома Македонски спорт Мак фудбал ВМФЛ-Исток: Слога Виница поразена во Струмица, Победа се израмни на врвот!

ВМФЛ-Исток: Слога Виница поразена во Струмица, Победа се израмни на врвот!

Слога Виница беше убедливо поразена од Беласица во Струмица со 3:0 и така го изгуби врвот на табелата со оглед на тоа дкеа Победа славеше убедливо со 4:0 против Локомотива.

Милушев го отвори резултат во 19. минута, пред полувремето стрелаше уште еднаш за 2:0, а конечните 3:0 ги постави Васил Крстев во второто полувреме.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Победа на домашен терен беше голем фаворит со последнопласираниот тим на Градско и улогата фаворит ја оправда со победа од 4:0. Каменица Саса запиша важен триумф против Кит-Го со 0:1. На врвот Победа и Слога имаат по 32 бода, Каменица Саса е трета со бод помалку, Беласица е четврта со 28.

Натпреварите Кожув – Братство и Детони – Осогово беа одложени.

Фото: ФК Победа

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…