Како и на Западот, денес се играат натпревари и во ВМФЛ – Исток.
Лидерот Слога Виница ќе гостува на Беласица која е четвртопласирана, но не знае за пораз во претходните пет натпревари и сигурно нема да им биде лесно гостите од Виница во Струмица.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Второпласираната Победа е голем фаворит против последнопласираниот тим на Локомотив Градско. Градско освои само шест бода во досегашните 14 натпревари и се освен победа на прилепчани денес ќе биде изненадување.
Каменица Саса која е веднаш зад победа ќе се сретне со Кит-Го Пехчево на гостистински терен. Саса ќе биде фаворит, но домаќинот досега покажал дека знае да биде незгоден противник, па може да се очекува еден неизвесен дуел.
Во останатите две средби, Детонит е домаќин на Осогово, Кожува го пречекува Братсво. На врвот на табелата на Истокот е неизвесно Слога Виница има 32, Победа 29, Каменица Саса 28, Беласица 25…
Фото: ФК Слога Виница