На Западот во втората Лига Вардар и Воска со победи ја завршија полусезоната, додека останатите три средби се одложија.
Вардар на комплексот на ФФМ со 3:0 го доби Кадино, голови постигнаа Наумоски, Љамчески и Глишиќ. Не дозволи и Воска да остане без победа. Воска со 2:0 беше подобра од Беса, стрелаа Христијан Грозданоски и Бехар Фета.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Натпреварите Велешта – Силекс, Кораби – Охрид и Гостивар – Тетекс беа одложени поради лошите временски услови и ќе се играат на 14. декември.
Фото: ФК Вардар