Во еден од најважните натпревари во сезоната во Втората лига – Запад Воска спорт го доби Вардар во Охрид со 2:1 и им врати на црвено-црните за поразот во првиот натпревар сезонава.
Воска брзо стигна до предност преку Изаир Емини уште во третата минута, а пред крајот на полувреме Елмир Алији зголеми на 2:0. Вардар до крајот само преку Трајче Стојковски во 87. минута успеа да го ублажи поразот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Силекс продолжи сигурно да чекори кон првата лига и со 3:0 славеше против Охрид. Тетекс на гости триумфираше против Кадино, Велешта и Кораби одиграа 2:2, а Беса и Гостивар 1:1.
На врвот на табелата сега Силекс има 33 бода на првата позиција, Воска дојде до 25 бода, а Вардар остана на 20.
Фото: ФК Вардар