Иднината на Душан Влаховиќ е главна тема бидејќи готово сигурно ќе го напушти Јувентус ова лето.
Сега фаворит за неговиот потпис е ПСЖ, кој сака да донесе нова ѕвезда во нападот со оглед на фактот дека иднината на Мбапе е неизвесна.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека челниците на ПСЖ стапиле во контакт со Јувентус и почнале преговори за трансферот.
Јувентус за неговата слобода бара најмалку 85 милиони евра, сума која не би требало да биде проблем за ПСЖ.
„Старата дама“ сака што побрзо да се комплетира трансферот на Влаховиќ, бидејќи има договор со Лукаку.