Душан Влаховиќ одби да го продолжи договорот со Фиорентина и може да ја промени средината уште во јануари.
21-годишниот голгетер го привлече вниманието на многу европски гиганти и има многу понуди, но тој преферира да остане во Серија А.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Јувентус силно го посакува и ќе се обиде да го донесе уште во јануари. „Газета дело Спорт“ пренесува дека „старата дама“ е спремна да понуди 50 милиони евра за неговиот потпис.
Фиорентина веќе ја постави цената и за неговата слобода бара 70 милиони евра, па во моментов разликата помеѓу двата клуба е голема.
Меѓутоа, Фиорентина може да биде ставена пред „свршен чин“ доколку Влаховиќ ја прифати понудата на Јувентус и е спремен да го одбие сите други понуди кои ќе пристигнат на негова адреса.