Aрсенал сакаше да го доведе Украинецот Михаило Мудрик, но ја изгуби трката со Челзи.
Во Арсенал сега затоа повторно се насочија кон Душан Влаховиќ, српскиот репрезентативец кој се обидуваа да го доведат минатото зима. „Калчомеркато“ пренесува дека понудата која се спремни да ја испратат изнесува околу 80 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Јувентус од друга страна се соочува со повеќе проблеми, тука е и истрагата за финансиски малверзации. Освен тоа по серијата од осум победи, дојде дебаклот од Наполи изминатиот викенд од 5:1.
Арсенал во Премиер лигата пак сигурно чекори кон освојување на титулата и засега се лидери со осум бода предност, клубот е и финансиски стабилен.
Влаховиќ се поврзуваше со Арсенал и минатиот јануари кога беше уште играч на Фиорентина. Сепак тогаш Јувентус го доведе за 81.6 милиони евра.