Јувентус вчера одигра 1:1 на гости кај Виљареал во рамките од осминафиналето во Лигата на шампионите.
„Старата дама“ поведе после само 32 секунди кога мрежата на Шпанците ја погоди Душан Влаховиќ. За Влаховиќ ова беше деби настап во ЛШ, па така испиша историја во најелитното натпреварување станувајќи дебитант со најбрз гол.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Со постигнувањето на голот во ЛШ го остварив мојот сон, но не сум среќен затоа што сите сакавме да победиме“, изјави Влаховиќ.
Коментари