Дома Фудбал Италија Влаховиќ го добива најскапиот договор во историјата на Фиорентина

Влаховиќ го добива најскапиот договор во историјата на Фиорентина

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ е блиску до договор за продолжување на соработката со Фиорентина.

Влаховиќ ова лето имаше понуди од многу европски гиганти, но реши да остане во Фиорентина, па сега „виолетовите“ ќе го наградат со нов, богат договор.

21-годишниот напаѓач ќе го добие најскапиот договор во историјата на Фиорентина.

Имено, Влаховиќ ќе стави потпис на 4-годишен договор и годишно со вклучени бонуси ќе заработува до 5 милиони евра по сезона.

Се шпекулира дека во неговиот договор ќе има и откупна клаузула од 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бугарија по две кола во Лигата на Нации остана без селектор

Фудбалската репрезентација на Бугарија ќе мора да бара нов селектор откако Александар Дими…