Македонскиот второлигаш Пелистер го назначи Влатко Костов за нов шеф на стручниот штаб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Костов во Битола доаѓа со цел да го врати Пелистер во прволигашката конкуренција откако тимот сезонава заврши на четвртата позиција.
Тој во минатото беше и фудбалер на битолскиот тим, а доаѓа да го замени Бабунски на кормилото.
„Мене ми е чест што ја добив довербата од клуб каков што е ФК Пелистер и луѓето што го водат клубот. Заедничка цел ни е ПМФЛ и од првиот ден ќе работиме на тоа“, изјави Костов