До 6. март во Македонија сите спортски настани ќе се играат без публика, таква препорка испрати Владата на Македонија и се очекува истата клубовите да ја практикуваат.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Оваа одлука ја донесе Владата на денешната седница после предлогот на Министерот за здравство Венко Филипче. Прво се најавуваше одложување на натпреварите, но сега е потврдено дека Владата испраќа препорака тие да се играат без гледачи.
„Владата им препорачува на организаторите на спортските настани, натпреварите во утврдениот период до 6 март да се играат без публика. Истата препорака на Влада се однесува и на сите други поголеми забавни и културно-уметнички манифестации. Владата на Северна Македонија на денешната седница препорача сите организатори на други јавни настани своите одлуки да ги донесуваат врз основа на консултација и мислење на Комисијата за заразни болести“ , стои во соопштението објавено од Владата.
Викендов најголем спортски настан е натпреварот помеѓу Вардар и Монпелје кој е закажан за утре со почеток во 17:30 часот. Сега се чека клубот да објави дали ќе ја следи препорката на Владата.