Дома Фудбал Вклучен алармот во Неапол: Се повредил Кварцхелија

Вклучен алармот во Неапол: Се повредил Кварцхелија

Наполи игра фантастичен фудбал во изминатиот период и изгледа како еден од најсилните тимови во Европа, а „моторот“ на тимот е фантастичниот Грузиец Квича Кварцхелија.

Сега пристигнуваат лоши вести за одличниот фудбалер. Имено, Наполи потврди дека Кварцхелија заработил повреда на грбот и поради тоа ќе го пропушти дербито со Аталанта.

Во прашање е повреда на грбот и според првичните информации не се очекува долга пауза.

Грузиецот стана вистински миленик на фановите на тимот од Неапол и во досегашните 12 натпревари во Серија А постигна шест гола и запиша седум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал би го продал Ѓокереш во 2027 година, но само под еден услов

Шведскиот напаѓач ја загуби предноста во однос на Хаверц, а според новите информации, Арсе…