Дома Фудбал Италија Виљаш-Боаш му се враќа на фудбалот – можна дестинација Италија?

Виљаш-Боаш му се враќа на фудбалот – можна дестинација Италија?

Aндре Виљаш Боаш наскоро ќе се врати на тренерското столче.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поранешниот тренер на Тотенхем, Челзи и Зенит, откри дека имал понуди да работи во Италија.

Италијанците објавија дека имало многу контакти во претходните години, но и најавија дека и ќе ги има со оглед на тоа дека Виљаш-Боаш му се врати на фудбалот.

Во минатото интерес за Боаш покажувале Рома и Интер, клубови каде што барем засега тренерите се безбедни.

„Италија, очигледно ме интересира. Од тактичка гледна точка, тоа е една од најтешките лиги во светот. Во текот на годините имав контакти со Интер, Рома и уште неколку клубови“, изјави Боаш кој сепак потврди никогаш не стигнал до посериозна фаза од преговорите.

„Никогаш не сме влегле во сериозни преговори бидејќи јас бев врзан со друг клуб или пак не сме се договориле околу стартот на проектот“, откри Виљаш-Боаш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Светското првенство го сруши рекордот за голови во групната фаза

Тековното Светско првенство во фудбал официјално влезе во историјата, и тоа на импресивен …