Португалскиот медиум „Рекорд“ инсистира дека Кристијано Роналдо сакал да го напушти тимот за време на Светското првенство во Катар.
Информацијата, која ja пласираше „Рекорд“ за незадоволството на Роналдо, вчера беше демантирана најпрвин од Фудбалскиот сојуз на Португалија, а потоа и од самиот Роналдо.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Фудбалскиот сојуз на Португалија ја демантираше веста дека Кристиано Роналдо се заканувал дека ќе ја напушти репрезентацијата за време на Мундијалот кога дознал дека нема да биде во стартниот тим против Швајцарија“, пишува во текстот на „Рекорд“ и се додава.
„Ја потврдуваме информацијата објавена денеска од повеќе извори. Разговорот помеѓу Фернандо Сантош и Кристиано Роналдо вечерта пред мечот со Швајцарија бил многу бурен, а селекторот на репрезентацијата му дозволил да си замине. Разговорот продолжил, по што играчот решил да ја повлече одлуката, сфаќајќи дека сега не е најдобро време за толку голема поделба“.
O diário de CR7 – Ex-adjunto de Ferguson sobre Cristiano Ronaldo: «Ainda bem que não sou selecionador de Portugal…» https://t.co/0XxSYuvxpd
— Diário Record (@Record_Portugal) December 8, 2022