Фудбалерите на Лацио во недела ги очекува натпревар против Милан, а во овој натпревар клубот од Рим влегува со проблеми во составот.
Еден од најважните играчи на овој клуб, Сергеј Милинковиќ Савиќ би можел да го пропушти натпреварот поради вирус. Освен него надвор од тренажен процес поради истата причина се Томас Старкоша и Адам Марушиќ, а се уште се испитува состојбата со Патрик и Педро. На вчерашниот тренинг Сари не можел да смета на дури десетмина фудбалери.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Газета“ пишува дека не станува збор за коронавирус. Најголем удар секако би било евентуалното неиграње на Савиќ, дали ќе настапи ќе биде познато веројатно во текот на утрешниот гол.
Сезонава Сергеј зад своето име има девет голови и 11 асистенции.