Дома Фудбал Винисус: Го избрав проектот на Реал пред парите на Барселона

Винисус: Го избрав проектот на Реал пред парите на Барселона

Бразилскиот напаѓач Винсисус Жуниор потпиша за Реал Мадрид во мај 2017 година, а во јули минатата година официјално беше претставен како играч на „кралевите“.

Гигантот од Мадрид за неговите услуги на бразилски Фламенго плати 40 милиони евра, а во борбата за талентираниот офанзивец ја победија Барселона.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Младиот фудбалерн е крие дека каталонскиот гигант му понудил повеќе пари. Сепак, тој се одлучил да го прифати проектот кој му го претставил Реал и одлучил да ја одбие финансиски поголемата понуда од „Ноу Камп“.

„Мојот татко ми кажа за интересот на Барселона и Реал Мадрид. Ги посетивме двата клуба и признавам дека двата ми се допаднаа. Барселона нудеше повеќе пари, но ние се одлучивме да го прифатиме проектот на Реал затоа што сметавме дека е подобар. Марсело и Касемиро разговараа со мене и на крај ја прифатив понудата од Реал“, изјави 18 годишниот Бразилец.

Винисус кај тренерот Јулијен Лопетеги не добиваше шанса, играше за Б тимот, но кога Солари седна клупата работите се променија, останува да видиме каков статус ќе има кај Зинедин Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…