Дома Фудбал Винисиус со јасен став: Доживотна забрана за расистите за влез на стадион

Винисиус со јасен став: Доживотна забрана за расистите за влез на стадион

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор (22) смета дека на навивачите кои се прогласени за виновни за расистичко однесување треба да им се забрани доживотно да присуствуваат на натпревари.

„Ако повредите други луѓе, треба да платите. Сите расисти мораат да платат на некој начин. Ако сакаат да гледаат фудбал, никогаш повеќе не треба да им се дозволи да стапнат на стадион. Ова ќе ги натера да ги трпат последиците и да размислуваат за своите постапки“, изјави младиот бразилски напаѓач за „ТВ Глобо“.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Винисиус во септември беше жртва на навреди од навивачите на Атлетико Мадрид. Локалните медиуми објавија дека во текот на целиот натпревар се слушале мајмунски звуци и извици „Винисиус, yмри“.

Атлетико и Ла Лига го осудија навредувањето на бразилскиот напаѓач, а Атлетико соопшти дека соработуваат со властите за да ги идентификуваат насилниците. И обвинителството во Мадрид го истражува случајот.

Винисиус беше навредуван и од претседателот на здружението на шпански фудбалски агенти, Педро Кастро, кој во една ТВ емисија жестоко го критикуваше неговиот начин на прославување на головите.

„Ако постигнете гол и потоа танцувате самба, одете на Самбодром. На теренот мора да ги почитувате колегите и да престанете да се однесувате како мајмун“, изјави Кастро во емисијата.

Винисиус потоа објави емотивна двеминутна видео изјава како одговор на, како што рече, „ксенофобична и расистичка“ навреда, велејќи дека „нема да престане да танцува“ и дека „среќата на „црниот Бразилец“ да биде успешен во Европа мачи“ многу луѓе. .

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…