Дома Останати Тенис Вимболдон: Мареј и Нишикори убедливи на стартот!

Вимболдон: Мареј и Нишикори убедливи на стартот!

Светскиот тенисер број еден и актуелниот освојувач на Вимболдон, Енди Мареј, запиша сигурна победа на стартот на овогодинешниот турнир.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Мареј во првиот меч одигран на Централниот терен го совлада Казакстанецот, Александар Бублик со 3:0 во сетови, при што му дозволи да освои само седум гејмови.

Британецот првиот сет го доби за половина час игра (6:1), за Бублик во вториот сет да пружи многу подобар отпор. Сепак Мареј со 6:4 стигна до 2:0 во сетови. Во третиот сет славеше рутински со 6:2.

Овој натпревар беше прекинат поради слаб дожд, а траеше еден час и 48 минути, Британецот во второто коло ќе игра протув Дастин Браун.

Сигурен на стартот беше и Кеи Нишикори кој го совлада Марко Сесињата без изгубен сет, 6:2, 6:2 и 6:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лина Ѓорческа ќе се бори за место на Ролан Гарос!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, го потврди учеството на вториот гренслем т…