Дома Фудбал Англија Вилшер добива договор од Арсенал!

Вилшер добива договор од Арсенал!

Aнглискиот фудбалер Џек Вилшер би можел да се врати на теренот после повеќе од половина година пауза.

Овој 29-годишен играч за врска последниот ангажман го имаше во Бурнемоут каде што настапуваше минатата година, но минатото лето го напушти овој клуб откако не доби нов договор.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вилшер своевремено беше еден од најголемите потенцијали на англискиот фудбал и имаше неколку одлични сезони во Арсенал, но јасно е дека никогаш не го исполни она што од него се очекуваше.

Сега, како што пишуваат медиумите на Островот Вилшер изгледа ја добил понудата која ја посакуваше. Според последните информации постојат големи шанси Арсенал да му даде договор.

Вилшер тренираше со екипата на Арсенал за да остане во вформа и очигледно успеал да го воодушеви Микел Артета кој смета дека е спремен за натпревари. Договорот кој се најавува во Арсенал би бил до крајот на сезоната со можност за продолжување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…