Дома Фудбал Англија Вилијан доби неверојатна плата во Арсенал

Вилијан доби неверојатна плата во Арсенал

Бразилецот Вилијан до крајот на неделата ќе стане играч на Арсенал.

Овој 32- годишен играч после седум години го напушта Челси и одлучи да му се придружи на градскиот ривал од Северен Лондон.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Договор би требало да биде потпишан до крајот на неделата. Тоа ќе биде тригодишна соработка, а во тој период бразилскиот фудбалер ќе инкасира повеќе од 35 милиони фунти.

Вредноста на договорот на неделно ниво е 220.000 фунти, а фактот што доби таков договор ги разлути навивачите на Арсенал, посебно поради фактот што клубот отпушти 55 работници.

„Во Челси никогаш не би добил такви пари. Фантастичен договор за него.“ – изјави за Дејли Мејли извор близок до фудбалерот.

Новата сезона во ПЛ започнува на 12. септември, а останува да видиме дали Бразилецот ќе биде засилување за Топџиите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

На натпреварот помеѓу Интер и Торино во Серија А се испиша историја

На денешниот натпревар помеѓу Интер и Торино кој започна со почеток во 12:30 часот беше ис…