Дома Македонски спорт Викендов 200 спортисти ќе се натпреваруваат на Куп на Македонија за сениори/ки

Викендов 200 спортисти ќе се натпреваруваат на Куп на Македонија за сениори/ки

Куп на Македонија за сениори/ки ќе се одржи викендов во организација на Атлетска федерација на Македонија во националната арена „Тодор Проески”. Предвидено е денеска и утре да се натпреваруваат 200 спортисти меѓу кои и кандидатите за Олимпијада а се очекуваат нови резултати.

– Овој викенд е важен за нас како Федерација, ќе има натпревари во повеќе дисциплини и тоа трчање од 100 до 1000 метри, како и на пречки, височина, далечина, трискок, фрлање на ѓуле, диск, копје, така што на националната арена „Тодор Проески” според Ковид протоколи очекуваме нови резултати. Да им посакаме успех на нашите најдобри атлетичари и со тоа да ја претставиме земјава подобро на претстојните меѓународни натпревари, вели претседателката на АФМ, Александра Војнеска Зикова.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Федерацијата, согласно календарот што е усвоен уште пред почетокот на 2021 година ќе одржи низа домашни натпреварувања, државни натпреварувања, како и екипни и индивидуални, до крајот на годината ќе има речиси секоја недела натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Столе Димитриевски спремен да преговара за трансфер во Саудиска Арабија?

Maкедонскиот голман Столе Димитриевски според информациите на дел од медиумите има понуда …