Дома Фудбал Германија Викендов се враќа Бундеслигата! Еве што ќе гледаме и каква е табелата (ФОТО)

Викендов се враќа Бундеслигата! Еве што ќе гледаме и каква е табелата (ФОТО)

Од утре конечно ќе се врати фудбалот на највисоко ниво, се враќа Бундеслигата.

Најдобрите германски клубови се враќаат на терените после пауза од скоро два месеци.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со оглед на тоа дека паузата траеше прилично долго треба да се потсетиме како изгледаше табелата.

Пред прекинот беа одиграни 25 кола. Баерн Минхен е лидер со 55 освоени бодови, четири повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд и пет повеќе од третопласираниот Лајпциг. Многу блиску до самиот врв е и Борусија Менхенгладбах која има само еден бод помалку од Лајцпиг. До крајот на сезоната останаа уште девет кола.

Натпреварот кој привлекува најголемо внимание е дербито Борусија Дортмунд – Шалке, но со оглед на тоа колку долго бевме без вистински возбудувања љубителите на фудбалот сигурно сакаат да ги гледаат и останатите натпревари.

Еве што нуди ова коло во Германија:

САБОТА

15:30

Аугусбург – Волфсбург

Борусија Дортмунд – Шалке

Фортуна Дизелдорф – Падерборн

Хофенхајм – Херта

Лајпциг – Фрајбург

18:30

Ајнтрахт – Борусија Мехенгладбах

НЕДЕЛА

15:30

Келн – Мајнц

18:00

Унион Берлин – Баерн

Се очекува ова коло да биде оедно од најгледаните во Бундеслигата затоа што како што споменавме Германците се единствените од најсилните првенства кои ќе играат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…