Дома Фудбал Останато Виери: Меси е Хари Потер, ќе го фрлам телевизорот кога ќе се пензионира

Виери: Меси е Хари Потер, ќе го фрлам телевизорот кога ќе се пензионира

Барселона синоќа на доминантен начин го победи Јувентус во Торино со 2:0 во Лигата на шампиони.

Легендарниот италијански напаѓач, Кристиано Виери на интересен начин ја опишта играта на Каталонците, особено Лионел Меси.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Барселона беше неверојатна, можеше да постигне шест или седум гола. Меси е магионичар, тој е Хари Потер во фудбалот. Кога ќе престане да игра, ќе ги фрлам сите мои телевизори и ќе престанам да гледам телевизија. Кога тој ќе се пензионира нема што да се гледа“, изјави Виери.

„Барса игра поинаков фудбалер во однос на Јувентус. Не знам како изгубија од Реал Мадрид. Кога ќе го видите овој меч ќе помислите дека не можат да изгубат до крајот на сезоната. Штета што немаше навивачи на трибините, да се гледаат вакви тимови е уживање“, додаде Виери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…