Дома Македонски спорт Мак баскет Видовме подобра Македонија: Кошаркарките загубија, но не се посрамотија против Хрватска

Видовме подобра Македонија: Кошаркарките загубија, но не се посрамотија против Хрватска

Македонија загуби од селекцијата на Хрватска во првиот натпревар од „балонот“ кој во овие три дена се одржува во Рига.

Она што пред почетокот на турнирот селекторот Владимир Ѓоровиќ и го најавуваше, нашите девојки го реализираа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Делуваа како една селекција која има што да покаже на теренот, особено по двата стартни порази во „И“ квалификациската група за пласман на Евробаскетот 2021

Откако се ослободија од почетниот притисок нашите девојки му парираа на големиот фаворит. Но без подлабока ротација не успеаја да ја стигнат двоцифрената негатива во која влеговме уште во првата четвртина.

Хрватска на крајот запиша победа од 80:62.

Девана Бонер покажа зошто е дел од елитата на WNBA лигата. Остана на теренот 39:05 минути, и притоа реализираше монструозни 20.поени, 17.скокови и 7.асистенции.

Капитенот Митрашиновиќ се врати со  15.поени, 4.скока и 3.асистенции, додека пак Трајчевска запиша 10.поени, 3 скока и една асистенција.

Фото: КФСМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…