Дома Фудбал Англија Видиќ: Кога сакате да доведете фудбалер како Санчез, не размислувате кој друг го посакува

Видиќ: Кога сакате да доведете фудбалер како Санчез, не размислувате кој друг го посакува

Легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ одлучи да го прокоментира трансферот на Алексис Санчез.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Видиќ смета дека Јунајтед добива фантастичен фудбалер кој ќе придонесе подигнување на нивото на Манчестер Јунајтед.

„И јас возбуден како и навивачите. Тој е фудбалер кој настапуваше во неколку големи клубови, освојуваше трофеи, поседува искуство, играл во Лигата на шампионите…Секако дека ова е добра работа за нас која ќе придонесе подигнување на квалитетот на тимот“.

„Кога како клуб посакувате фудбалер каков што е Алексис вие не размислувате дали го сака Сити, Барселона или некој трет. Единствено на што мислите е дали тој ќе направи разлика. Алексис ќе донесе промени и подобрување, ќе ни помогне да растеме како клуб…Мило ми е што потпиша, а сите чекаме да видиме како ќе започне неговата авантура тука“, изјави Видиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алварез го напушта Атлетико Мадрид – пристигна понуда од 150 милиони која не можеше да се одбие

Иако неодамна од Атлетико Мадрид порачаа дека Хулијан Алварез не е за продажба, изгледа де…