Денес во рамките од 34 коло во терминот од 14:30 часот во Премиер лигата беше одигран натпреварот помеѓу Њукасл и Арсенал.
Њукасл денес славеше победа над „топчиите“ со 2:1. За Арсенал овој пораз беше пети пораз во низа на гостински терен, што е нешто што прв пат му се случува на Венгер во долгогодишната кариерата на клупата на лондонскиот клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Стартот на натпреварот не најаувваше ваков расплет. По една добра акција, Пјер Емерик Обамејанг во шеснаесетникот го пронајде Александар Лаказет кој постигна гол за 0:1 во 14 минута. Њукасл до изедначување стигна петнаесетина минути подоцна преку Ајзе Перез.
1:1 беше и резултатот со кој се замина полувремето.
Во вториот дел гледавме нешто посмирена игра и од двата клуба, без многу шанси на двете страни. Њукасл сепак успеа да искористи една од ретките. Во 68 минута Ричи погоди и ги постави конечните 2:1.
Треба да се спомене и дека за Њукасл ова беше прва победа против Арсенал на домашен терен после пауза од 13 години.