Попладневните мечеви од 23-то коло во Серија А поминаа во знакот на Јувентус кој со 7:0 го победи Сасуоло. Донарума си постигна автогол, па Милан испушти победа против Удинесе (1:1).
Јувентус го одигра еден од најдобрите и најефикасни натпревари во последните неколку години и со 7 гола го испрати Сасуоло дома.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Голеадата ја отвори Алекс Сандро во 9-та минута, а потоа следеа два гола на Сами Кедира, пред полувремето погоди уште и Миралем Пјаниќ. Во второто полувреме гледавме шоу на Гонзало Игуаин кој од 63-та до 83-та минута постигна три гола за конечни 7:0.
Милан одигра реми 1:1 против Удинезе. „Росонерите“ одлично го отврија мечот и поведоа со евоголот на Сусо, кој сигурно ќе конкурира за гол на сезоната.
[#UdineseMilan] 1-0 !! Goal by Suso !
pic.twitter.com/PGOKinAcIr— Passion AC Milan (@AcmPassion) February 4, 2018
Милан беше многу подобар противник и создаде многу шанси, а во 68-та минута остана со играч помалку после исклучувањето на Калабрија. Неколку минути подоцна после продорот на Лазања, топката несреќно го погоди Донарума кој си постигна автогол за конечни 1:1.
На останатите натпревари Каљари оставри важна победа против СПАЛ (2:0), Фиорентина победи на гостивањето кај Болоња (1:2), а Аталанта во самиот финиш стигна до победа против Киево (1:0).