Дома Фудбал Англија Видео: Што ли правеше видео асистенетот!? – Стигна потврда дека Челси против Норвич беше „украден“!

Видео: Што ли правеше видео асистенетот!? – Стигна потврда дека Челси против Норвич беше „украден“!

chelsea

Од поодамна не сме виделе толку лоша судиска претстава како на натпреварот помеѓу Челзи и Норвич 1:1 (5:3) во вториот натпревар од третото коло во ФА Купот.

Челзи помина тешко. Откако првиот натпревар аврши без победник 0:0, следуваше „реприза“ на „Стенфорд Бриџ“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во овој натпревар, Челси поведе во 56 минута од натпреварот со голот на Мичу Батшуаи, но во судиското продолжение Жамал Левис погоди за изедначување и продолженија.

Токму тука следуваше вистинска дарам во режија на судијата Грахам Скот. Во 92 минута му додели жолт картон на Вилијан поради симулирање во казнетиот простор на гостите, иако во текот на преносот, а посебно после успорената снимка можеше да се забележи дека офанзивецот на „сините“ беше фаулиран. Судијата погреши и тоа е јасно, но навистина е неверојатно, како неговиот видео асистент не му сигнализираше ништо.

Темпераментниот тренер на Челзи, Антонио Конте на ова целосно полуде и до крајот на продолжението, но и подоцна не престануваше жестоко да му приговара на судијата.

Дека беше во право и дека судијата погреши покажува признанието на Тим Колсе, дефанзивецот на гостите. Тој после натпреварот потврди дека неговиот старт над Вилијан бил за пенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…