Дарвин Нуњез постигна два прекрасни гола во победата на Ливерпул од 5-1 на гостувањето кај Спарта Прага во осминафиналето од Лигата на Европа.
Уругваецот најпрвин во 25. минута ја прими топката по левата страна и погоди со одличен удар од околу 20 метри за водство на својот тим од 2:0. Топката имаше необичен ефект и го измами голманот Питер Виндал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во судиското надополнување на првото полувреме, Нуњез постигна нов прекрасен гол. Алексис Мек Алистер му испрати одлична топка, а тој со волеј од работ на шеснаесетникот и со неодбранлив удар го зголеми водството на Ливерпул на 3:0.
Првиот гол на Нуњез против Спарта имаше посебно значење бидејќи означи голем јубилеј за Ливерпул, односно за Јирген Клоп.
Тоа беше 1.000 гол за Ливерпул под водство на Клоп. Да потсетиме, Клоп го презеде клубот од Енфилд во октомври 2015 година, а ќе си замине на крајот од оваа сезона.