Македонскиот шампион Шкендија беше поразена на гостувањето кај Розенборг со 3:1 во првиот меч од квалификациите за Лига Европа.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Натпреварот почна лошо за македонскиот тим, по асистенција на Бендтнер, Џебали уште во 11-та минута го совлада Захов. Само четири минути подоцна самиот Бендтнер се запиша во листата на стрелците за 2:0.
Тоа како да ја „разбуди“ Шкендија која почна да игра се подобро, создаваше шанси преку Ибраими, но не успеа да постигне гол. Пред крајот на првиот дел Леви погоди за убедливо водство на Розенборг од 3-0.
Шкендија ја искористи својата најзрела шанса и во 76-та минута постигна гол преку Жуниор за 3:1 и надеж пред реваншот во Скопје.
Nice goal by Junior @MacedonianFooty pic.twitter.com/Vy0RFtiVNo
— ToCe (@Tony_Naumov) August 23, 2018