Дома Фудбал Репрезентации Видео: Чудесниот Браво го однесе Чиле во финале

Видео: Чудесниот Браво го однесе Чиле во финале

Шампионот на Јужна Америка, фудбалската репрезентација на Чиле е првиот финалист на Купот на конфедерации откако во полуфиналето беше поуспешна од европскиот првак Португалија со 3:0, по подоброто изведување на пенали, бидејќи по 120 минути игра натпреварот заврши без голови.

Иако двата тима за време на мечот имаа по неколку зрели шанси, мрежите не се тресеа благодарение на расположените голмани.

При изведувањето на пеналите, јунак се претвори голманот на Чиле Клаудио Браво, кој ги одбрани сите три удара на португалските фудбалери, Кварезма, Мутињо и на Нани.

Од друга страна, Видал, Арангуиз и Санчез го совлада Руи Патрисио.


Penalties HD – Portugal 0-3 Chile… by Kaida-1

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Претходната година го посрамоти Меси, синоќа му се приближи и му подаде рака, а потоа следеше тотален хаос (Видео)

Интер Мајами синоќа ја освои Campeones Cup на крилата на неверојатниот Лионел Меси, а токм…