Дома Фудбал Англија Видео: Челзи со пресврт и судиски поклон до големи три бода

Видео: Челзи со пресврт и судиски поклон до големи три бода

Фудбалерите на Челзи потешко од очекувањата успеаа да го победат Кардиф на гостувањето со 1:2, во натпревар кој го одбележаа контроверзни судиски одлуки.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во првото полувреме мрежите мируваа, а на самиот старт на вториот дел Камараза постигна фантастичен погодок за големо славје на домаќините.

Челзи на крајот успеа да направи пресврт, но со многу среќа и контроверзни судиски одлуки. Најпрвин не беше досуден чист пенал за домаќините, а потоа „сините“ израмнија со голот на Азпиликуета, иако капитенот на „сините“ беше неколку метри во офсајд кога топката беше упатена кон него.

Во 90-та минута гостите дојдоа до комплетен пресврт и три бода, откако Луфтус Чик погоди за 1:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Сити пред завршување на трансфер од речиси 100 милиони евра

Манчестер Сити ја зголеми динамиката на преговорите за привлекување на 18-годишниот талент…