Хјустон ја забележа 13-та победа во низа откако победи на гостувањето кај Јута. Шампионот без проблеми против Њујорк.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Иако Јута играше во одлична форма во последно време, „ракетите“ лесно се справија со мотивираните домаќини, триумфирајќи со двоцифрена разлика.
Џејмс Харден со 26 поени, 11 скокови и 5 асистенции беше прв стрелец во редовите на „Ракетите“, кој на овој натпревар настапија без неколку играчи. Импресивна партија пружи и Мба а Муте, кој средбата ја заврши со 17 поени од кои дури 15 ги реализираше во последната четвртина со 100% шут.
Резултати:
Атланта – ЛА Лејкерс 104:123
Бостон – Мемфис 109:98
Бруклин – Чикаго 104:87
Њујорк – Голден Стејт 111:125
Торонто – Детроит 123:94
Њу Орлеанс – Феникс 125:116
Оклахома – Орландо 112:105
Далас – Индијана 109:103
Јута – Хјустон 85:96
Сакраменто – Минесота 100:118